Истражувачите од Универзитетот во Торино развија алгоритам што го мери успехот на филмот, но не според заработувачката или позитивната критика, туку според тоа колку пати се спомнува во други филмови.
Тие обработија повеќе од 47.000 наслови и дојдоа до резултат дека „Волшебникот од Оз“ со Џуди Гарланд од 1939 година е највлијателниот филм на сите времиња. Зад него се најдоа оригиналните „Војна на ѕвездите“ и Хичкоковиот „Психо“. А „Граѓанинот Кејн“ беше на седмото место на листата.
Истражувањето од Торино, објавено во списанието Applied Science Network, исто така ги рангира актерите на сличен начин. Семјуел Л. Џексон беше на врвот, по што следуваа Клинт Иствуд, Том Круз, Арнолд Шварценегер и Џон Вејн зад него.
Истражувачите истакнаа дека боливудските филмови воопшто не биле застапени во истражувањата.