Според едно истражување од Данска, психолошката зрелост на постарите мајки има позитивно влијание врз развојот на децата.

Истражувањето исто така покажало и дека постои помала веројатност постарата мајка да го казни своето дете за време на воспитувањето и дека овие деца, на возраст од 7 до 11 години, имаат помалку односни, социјални и емоционални тешкотии.

Истражувачите го проучувале односот на 4.714 мајки и нивните деца, а резултатите покажале дека предностите од постарата мајка се видливи до адолесценцијата. Децата на постарите мајки биле и вербално и друштвено поспособни за разлика од нивните врсници со помлада мајка. На ова не влијаел социјалниот статус, образованието и другите слични фактори.

„Знаеме дека луѓето стануваат ментално пофлексибилни со текот на времето и се потолерантни кон другите и се емоционално позрели. Овој начин на воспитување може да има позитивно влијание на психосоцијалната околина на детето“, изјавил авторот на истражувањето, Дион Сомер.

Резултатите покажале и дека постарите жени подобро напредуваат на почетокот од мајчинството, бидејќи се помалку загрижени и имаат попозитивен став за родителството и децата.

Иако во истражувањето не е наведена точната возрасна граница за постарите мајки, сличните истражувања ги дефинирале како жени постари од 35 години.