Германските компании речиси и воопшто не регистрирале никакви проблеми во бизнисот поради преминот на работа од далечина, покажуваат резултатите од истражувањето на Институтот ИФО.
Институтот, со седиште во Минхен, спроведе истражување меѓу 1.188 директори и супервизори на вработените, во соработка со консултанти од агенцијата Мерсер Промерита и Иницијативата за жени во надзорни одбори (FidAR).
Од вкупниот број на испитани компании, 84 проценти одговориле дека преминот кон работа од дома не е тежок. Тешкотиите со кои се соочија главно беа резултат на неисполнување на техничките барања (55 проценти), особено недостиг на пропусна моќ (40 проценти).
Испитаниците, исто така, ја наведоа отежнатата комуникација меѓу вработените (54 проценти), недостигот на координација (40 проценти), тешкотиите во усогласувањето на работата, семејниот живот и грижата за децата (40 проценти), како и поголемиот обем на работа и стресот за вработените како негативна карактеристика на работата од дома (30 проценти).
Многу помалку од нив ја наведоа слабата мотивација (19 проценти) и недостигот на ИТ вештини (18 проценти) како хендикеп од работата од дома.
Иако 44 проценти од менаџерите не регистрирале влошување на резултатите од работата за вработените кои работат од дома, 37 проценти рекле дека резултатите биле полоши – дури и меѓу компаниите кои објавиле дека немале потешкотии со преминот кон работа од далечина.
Само 18 проценти изјавиле дека резултатите од работата од дома се подобри.
Дури и пред кризата, уделот на жени кои работат дома (12 проценти) беше малку поголем од оној на мажите (10 проценти). Двата показатели пораснаа за време на пандемијата, до 30 проценти за жените и 26 проценти за мажите.
На прашањето за општите ефекти на пандемијата, 42 проценти од директорите и шефовите одговориле дека жените се потешко погодени.
И покрај сето ова, 67 проценти од компаниите кои учествуваа во истражувањето на ИФО се надеваат дека на долг рок ќе ги зголемат своите работни практики од дома. Само 32 проценти не очекуваат промени, додека еден процент предвидува намалување на ваквиот начин на работа.
Уделот на компании со вработени кои редовно работат од дома се зголеми за време на кризата со вирусот од 51 на 76 проценти. Просечното време што го поминале работејќи од дома се зголемило од 33 на 60 проценти, се вели во соопштението.