Резултатите од големото американско клиничко испитување на вакцината „АстраЗенека“ покажа дека таа е безбедна и високо ефикасна.

Во истражувањето учествувале над 32.000 испитаници, претежно од САД, но некои од нив биле и од Чиле и од Перу.

Истражувањето докажало дека „АстраЗенека“ е  79 отсто ефикасна против симптоматска инфекција со Ковид-19. Но, можеби уште поважно е дека оваа вакцина е 100 отсто ефикасна во спречување на тешките форми на болеста.

Истражувањето не открило проблеми со згрутчување на крвта. Имено, сомнежите во врска со поврзаноста меѓу вакцината „АстраЗенека“ и несаканите ефекти од формирањето на тромб беа причината употребата на вакцината привремено да се прекине во околу 20 земји, од кои повеќе од 10 беа во Европа.

Клиничките испитувања во САД покажаа дека заштитата од заразата со симптоматски Ковид-19 обезбедена со вакцината „АстраЗенека“ не паѓа кај лицата постари од 65 години.