Фудбалскиот судија Даниеле Де Сантис, кој ја делеше правдата на натпреварите од италијанската Серија Б и Серија Ц, е пронајден мртов во неговиот дом во Лече, пренесува „Ла Република“.
– Еден 33-годишен маж бил избоден до смрт. Заедно со него е убиена и неговата девојка, 30-годишната Елеонора Манта. Соседите пријавиле дека слушнале вресоци, а потоа и еден човек кој трчал по улицата со нож во рацете, објавија тамошните медиуми.
Италијанската полиција започна истрага за овој трагичен настан.