Италија ја достигна целта поставена од Владата во Рим во настојувањата да ја интензивира кампањата за вакцинација против Ковид-19, така што може да администрира половина милион вакцини на ден до крајот на овој месец, соопшти министерот за здравство Роберто Сперанза.
– Вчера администриравме 500.000 дози вакцини, напиша министерот на Фејсбук.
Во исто време, тој им се заблагодари на мажите и жените вработени во националната здравствена служба и сите институции за големите напори и тимската работа.
– Вакцината е вистинскиот начин да се излезе од овие месеци кои беа толку тешки, додаде Сперанза.