Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон се враќа во Јувентус.

Како што известува новинарот и добар познавач на случувањата во италијанскиот фудбал, Џанлука Ди Марзио на неговата веб-страница, 41-годишниот Буфон се согласи на договор со клубот од Торино.

Останува само двете страни да ја официјализираат соработката.

За потсетување, Буфон бранеше за Јувентус 17 сезони, од 2001 до 2018 година. Тој за „бјанко-нерите“ има вкупно 656 настапи.

Минатата сезона беше дел од Пари Сен-Жермен. Со францускиот клуб ја освои Лига 1. Бранеше на 25 натпревари во сите натпреварување и прими вкупно 25 гола.

Раководството на Јувентус најави дека по завршување на кариерата ќе му понуди на Буфон да остани да работи во клубот.