Марио Драги, поранешен шеф на Европската централна банка, денеска положи заклетва како претседател на новата италијанска влада на единство.
Неговото назначување за премиер има за цел да се стави крај на политичката криза, која трае повеќе од четири недели.
Претходната Влада на Џузепе Конте се распадна по разидувањето со коалицискиот партнер околу користењето средства од Европската унија за закрепнување од кризата со коронавирусот.
Новиот состав на владата на Драги сè уште треба да биде одобрен со гласање во Парламентот.