Италијанскиот Парламент денеска одобри закон со кој им се дозволува на судиите да одредат помали казни за луѓе кои убиле крадци на свој имот.

Таканаречената „легитимна одбрана” е победа на Матео Салвини, десничарскиот лидер на Лигата, кој ја формираше владата минатата година со Движењето пет ѕвезди.

Според Министерството за внатрешни работи, бројот на насилни кривични дела во Италија опаднал во изминатите години, па така бројот на убиства е помал за 16,3 отсто до август 2018 година, додека бројот на вооружени грабежи се намалил за 12,3 отсто.

„Ова е прекрасен ден за Италијанците”, рече Салвини, откако документот беше испратен до Сенатот. Тој посочи дека луѓето кои биле нападнати во нивните домови, продавници или барови, конечно, имаат загарантирана легитимна одбрана.