Највисокиот дипломат на Северна Кореја во Италија пребегал и се крие. Тоа го изјави денеска јужнокорејски пратеник на седница зад затворени врати на јужнокорејскиот Парламент со претставници на разузнавањето.
Станува збор за вршителот на должност амбасадор на Пјонгјанг во Рим, Јо Сон-гил. Неговото наначување требало да заврши во крајот на ноември. Тој пребегал од мисијата на Пјонгјанг во Рим во почетокот на ноември и оттогаш се крие со сопругата. Тоа го изјави јужнокорејскиот пратеник Ким Мин-ки.
Јо Сон Гил е на возраст од 48 години и побарал азил во Италија во почетокот на декември откако добил наредба да се врати во Северна Кореја. Тој беше времен вршител на должноста амбасадор на Северна Кореја во Италија од октомври 2017 година. Во 2016 година пребега и заменикот амбасадор на Северна Кореја во Лондон.