Претседателот на италијанската фудбалска федерација Габриеле Гравина го сподели своето мислење за продолжување на сезоната во Серија А. Земјата е еден од епицентарот на пандемијата на коронавирус.
– Шампионатот ќе продолжи кога ќе се обезбедат неопходни гаранции. Имаме постапка, за тоа ќе известиме наскоро. Се надевам дека во почетокот на мај ќе започнеме со проверки за да се осигураме дека играчите не се заразени. Потоа доаѓа втората фаза – продолжување на тренинзи, го цитираше „Скај Спорт Италија“, Гравина.
Немаме рок, имаме намера да ги следиме упатствата на ФИФА и на нашиот специјален комитет. Идејата е да се заврши првенството, доколку дозволат условите, додаде првиот оперативец на италијанскиот фудбал.