Во Италија во последните 24 часа се потврдени 19.143 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот на епидемијата, соопшти Министерството за здравство.
Претходниот рекорд беше вчера, кога имаше 16.079 новоинфицирани.
Во Италија, од почетокот на епидемијата, потврдени се 484.869 случаи на Ковид-19, а починале 37.059 лица. паг/