Италијанската полиција денеска приведе 94 лица на Сицилија под сомнение дека злоупотребиле милиони евра од фондовите на Европска Унија наменети за земјоделците.
Помеѓу приведените се шефовите на две мафијашки фамилии, нотари, бизнисмени, како и вработени во администрацијата, кои се товарат дека им помагале на земјоделците да имаат пристап до средствата од ЕУ.
Приведените се изведени пред обвинител во Месина.