Италија преживува тежок период, соочена со последиците од пандемијата на коронавирусот, а Италијанците покажуваат пркос со гласно пеење на националната химна и веење на националното знаме.
Коронавирусот го јакне патриотизмот кај Италијанците, на кои побрзо им стигна помош од Азија, односно од Кина, отколку од ЕУ на која и припаѓаат.
Во врска со патриотизмот во Македонија професорката Тања Каракамишева, на Фејсбук напиша:
– Знаете кога ќе го сфатат значењето на патриотизмот и љубовта кон својот народ? Тогаш кога во тешки моменти нема да им помогне никој, ниту ЕУ, ниту НАТО, ниту сосед, туку ќе им помогне татковината по која плукаат и луѓето од својот народ! Е тогаш ќе сфатат што значи ПАТРИОТИЗАМ!- напиша Каракамишева.