Претседателот на италијанскиот Национален институт за здравство, Волтер Рикарди денеска објасни дека во средината на минатиот месец поднел оставка на функцијата поради тоа што популистичката влада отворено поддржува противнаучна политика што го поткопува јавното здравство.

Во изјава за „Кориере дела Сера“, професорот Волтер Рикарди оцени дека коалицијата Лига (ектремна десница) и Движењето пет ѕвезди (М5С) кои се на власт од 2018 година, е алергична на докажани факти и потсетува на пристап кон науката како американскиот претседател Доналд Трамп.

– Претставници на владата усвоија ненаучно, па и отворено антинаучно стојалиште за бројни прашања, изјави тој. Кога заменик премиер кој е татко вели дека има премногу обврзни, непотребни и опасни вакцини, тоа не е само ненаучно туку е и противнаучно, изјави тој за шефот на Лигата, Матео Салвини.

–Ако повторувате дека мигрантите се носители на болести тоа е неточно и го присилува Институтот на автоцензура, за да не противречи по политичка лилнија, додава тој.

Инсистирање на владата на тврдење дека фабриките што рециклираат отпад во енергија се застарени, тоа нема смисла, оценува тој.

Законот што ублажува критериуми за користење контаминирано тло за земјоделство, е „одлука донесена без проценки за влијанието врз здравјето“.

Во мај 2017 година владата на левиот центар при упис во школи одреди 12 обврзни вакцини. М5С се спротиставија на тоа дека постои корист на фармацевтската индустрија и Лигата продолжи со спорни тврдења за поврзаноста на вакцините и аутизмот. Во почетокот на декември коалицијата на власт ја шокираше италијанската научна заедница и отпушти членови на одбор на експерти задолжени за советување на владата за здравствената политика.