Деветторангираниот светски тенисер Матео Беретини стана првиот Италијанец, кој ќе настапи во финале во поединечна конкуренција на грен-слем турнирот во Вимблдон, откако попладнево го совлада во полуфиналето Полјакот Хуберт Хуркчач (19 на АТП листата) со 6:3, 6:0, 6:7, 6:4, за два часа и 37 минути игра.
Противник на Беретини во финалето ќе биде победникот од вториот полуфинален натпревар меѓу најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ, и Канаѓанецот Денис Шаповалов (АТП-12).
Италијанците немаа тенисер во финалињата на грен-слем турнирите цели 45 години, од Ролан Гарос во 1976 година, кога Адријано Паната ја освои титулата во Париз.
Финалето во машка конкуренција на Вимблдон се игра в недела со почеток од 15 часот по средноевропско време.