Илјадници поддржувачи на конзервативната опозициска партија ВМРО ДПМНЕ протестираа вчера вечер во центарот на Скопје за да побараат предвремени избори во … Македонија и да се спротивстават на политиките на Владата предводена од социјлдемократскиот премиер Димитар Ковачевски, објави италијанската државна агенција АНСА.
-Владата е причина за сите наши проблеми, на неправдите, лошите услови за живот и разочарувањата во земјата. Потребна е промена, им рече на демонстрантите лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како што известуваат регионалните медиуми.
Владата е обвинета за ширење на корупцијата, за уништивање на националната економија и дека значително ја влошила состојбата во здравтствениот и образовниот систем. Мицкоски во исто време рече дека неговата партија нема да прифати никаков „понижувачки договор со којшто ќе се загрозат националните интереси на земјата”, правејќи алузија на можниот договор со Бугарија за Софија да се согласи да го тргне ветото за почетокот на преговорите за пристап на Македонија во Европската Унија.
Социјалдемократската партија (СДСМ) ги отфрли обвинувањата на Мицкоски и барањата за предвремени избори обвинувајќи ја опозицијата дека исценирала протести за лични и партиски цели.
Актуелното Собрание на Македонија има мандат уште две години, исктанува АНСА.