Италијанката Бјанка на „Твитер“ предупреди дека коронавирусот треба да се сфати сериозно и дека не е ист со сезонскиот грип.

„Ве молам луѓе. Тука во северна Италија направивме голема грешка. Сите зборуваат дека “тоа е само грип“, а сега нашите оддели за интензивна нега се во колапс. Сите продолжија да излегуваат и да шетаат како ништо да не се случува и сега нашите родители, дедовци и баби умираат. Коронавирусот не е грип“, порача таа.