Полицијата го уапси Франческо Амато, кој денеска држеше заложници во пошта во италијанскиот град Пјеве Модолени.
Амато пред излегување ослободи уште двајца од четворицата заложници, а засега не е познато дали сам се предал или полицијата влегла во поштата.
Амато прво зеде 12 заложници и се закани дека ќе ги убие доколку не му биде овозможена средба со министрите за внатрешни работи и одбрана Матео Салвини и Елизабета Трента. Италијанските медиуми јавија дека подоцна Амато ослободил седуммина клиенти и еден вработен во поштата.
Амато минатата недела билосуден на 19 години затвор поради вмешеност во организиран криминал. Тој е еден од 125 обвинети, кој е осуден минатата недела поради учество во мафијашката група Ндрангета.
Претходно, маж вооружен со нож зеде заложници во зградата на поштата во градот Пјеве Модолена, во северниот дел на Италија и бара средба со министрите за внатрешни работи и одбрана.
Напаѓачот идентификуван како Франческо Амато зеде 12 заложници и се закани дека ќе ги убие доколку не му биде овозможена средба со министрите Матео Салвини и Елизабета Трента. Италијанските медиуми јавија дека подоцна Амато ослободил седуммина клиенти и еден вработен во поштата.
Со него во моментов се четворица заложници, а полицијата ја опколи зградата на поштата.
Амато минатата недела беше осуден на 19 години затвор поради вмешеност во организиран криминал.