Напаѓачот на Милан, Даниел Малдини влезе како замена во 81. минута на синоќешниот натпреварот од 16. коло на италијанскиот шампионат против Јувентус (1:3). За 19-годишниот напаѓач ова е само шести натпревар за „росонерите“.
Сепак, тој му го донесе 1000. меч на семејството Малдини за Милан во Серија А.
За потсетување, неговиот татко Паоло Малдини и дедото Чезаре Малдини играа исто така за Милан.
Педесет и двегодишниот Паоло Малдини во моментов е спортски директор на Милан.
Чезаре Малдини почина во 2016 година на 84-годишна возраст.
Да потсетиме, тука е и Кристијан Малдини. Тој има 24 години и исто така е „дете“ на Милан, но игра за клубот Про Сесто.