Италијанскиот уметник Салваторе Гарау се најде во центарот на вниманието на светските медиуми, пред неколку години, кога на неименуван купувач му продаде невидлива скулптура за 15.000 евра, а приказната повторно и повторно се ажурира на мрежите.

Скулптурата Ио Соно (Јас сум) е продадена во рамки на аукцијата на италијанската куќа „Арт-Рајт“, со почетна проценета вредност меѓу 7.000 и 9.000 евра.

Иако не е видлива, за уметникот по потекло од Сардинија „се обликува во сопствената ништожност“.

„Вакуумот не е ништо друго освен простор полн со енергија, па дури и ако го испразниме – и ништо не останува, според принципот на несигурност на Хајзенберг, дека ништо нема тежина“, објасни Гарау.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salvatore Garau (@salvatore_garau)

Тој додава дека скулптурата има „енергија која се кондензира и се трансформира во честички, односно во нас“.

„Тоа е дело кое бара од вас да ја активирате моќта на имагинацијата, моќ што ја имаат сите, дури и оние кои не веруваат дека ја имаат“, заклучил тој.

Среќниот купувач добил сертификат за автентичност и инструкции како да го прикаже делото, пренесува New York Post.

Мора да се постави во приватна куќа, односно простор со димензии 5х5 метри, без препреки, без вештачко осветлување и климатизација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salvatore Garau (@salvatore_garau)

Гарау ја бранел својата уметност со грандиозна споредба: „На крајот на краиштата, нели луѓето го обликуваат Бог што никогаш не го виделе“.

Инаку, италијанскиот уметник претходно во Милано ја изложи невидливата скулптура „Буда во контемплација“.

На својата страница на Инстаграм тој објавил кратко видео по тој повод.