Здружението на единиците на локална самоуправа од понеделник најавуа средба за формирање став, по обвинувањата од власта дека општини формираат јавни претпријатија за осветлување за да плаќаат поевтина субвенционирана струја, наместо по пазарни цени, и дека тоа е причина за најавено поскапување на електричната енергија за домажинствата од нови 10 отсто.
ЗЕЛС ќе се состане за да се разгледаат6 тврдењата дека на овој начин е направен долг од 30 милиони евра и струјата најверојатно поради тоа ќе поскапи 10 отсто,
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не се согласува дека одговорни се општините и дека имаат законски основ да формираат претпријатија
За власта пак, тоа е признание дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ правеле злоупотреби со уличното осветлување.
За формирање на новата цена на струјата, дел од енергетските компании веќе доставија пресметки на трошоците до Регулаторна. Но, колку ќе плаќаат граѓаните во следните шест месеци, најмногу ќе зависи од тоа каква цена ќе понуди ЕСМ – за да се спречи големо покачување, веќе неколкупати посочија дека е потребно државните електрани да обезбедат 100 проценти од потребите на ЕВН ХОУМ.