ИТЕРВЈУТО НА КАРЛСОН СО ПУТИН УРИВА РЕКОРДИ: Само на „Х“ за 24 часа е видено 150 милиони пати

/ 10.02.2024

Интервјуто што рускиот претседател Владимир Путин му го даде на новинарот Такер Карлсон не беше упатено до американските власти, туку до широката публика на Запад, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Во првите 24 часа интервјуто било прегледано повеќе од 150 милиони пати само на платформата Х (Твитер), но широкиот интерес на публиката не значи поддршка, забележаа во Кремљ.

„Најважно е нашиот претседател да биде слушнат. Ако го слушнат, повеќе луѓе ќе прашаат дали е во право или не. Барем ќе размислат“, посочи Песков.

Тој изјави дека на Русија ѝ е тешко да им се спротивстави на САД „во смисла на пропаганда“, бидејќи „Англосаксонците ги поседуваат сите најголеми радиодифузери, сите главни весници, на овој или оној начин“.

Под овие околности, интервјуто за Карлсон е „многу добра можност“ да се пренесе ставот на Москва на народот, нагласи Песков.

Американските власти се „целосно свесни за клучните пораки на Путин“ дури и без интервју, рече тој.

Песков не можеше да каже дали интервјуто привлече особено внимание од хакерите за официјалната веб-страница на Кремљ, каде интервјуто беше објавено набргу по објавувањето на веб-страницата на Карлсон и неговата сметка на платформата Х.

Интервјуто на Путин со Такер Карлсон беше објавено на 9 февруари.

Значаен дел од двочасовниот разговор беше посветен на украинскиот конфликт, односите на Русија со САД, НАТО и Западот воопшто, наведува агенцијата.


Од истата категорија