Хрватскиот фудбалски репрезентативец Иван Перишиќ ќе ја продолжи кариера во редовите на холандскиот гигант ПСВ Ајндховен.

По заминувањето од Хајдук, Перишиќ потпиша договор како слободен играч за ПСВ и веднаш има право за настап актуелниот шампион на Холандија

„Откако бев без клуб, чекав ваква опција, клуб и средина каде што се чувствувам добро и каде што можам да освојувам трофеи. Го прашав мојот поранешен соиграч Дензел Дамфрис за совет и тој потврди дека ПСВ е вистинскиот потег и едвај чекам да почнам да играм во нов клуб“, изјави 35-годишниот Перишиќ, кој потпиша договор до крајот на оваа сезона.

ПСВ ќе биде неговиот десетти клуб во кариерата откако играше за Сошо, Розелар, Клуб Бриж, Борусија Дортмунд, Интер, Баерн Минхен, Волфсбург, Тотенхем и Хајдук, а за хрватската репрезентација забележа 136 настапи и постигна 33 голови.