Состојбата со борбата со корупција во земјава не е подобрена, напротив институциите само 10 проценти преземале мерки за намалување на ризиците, вели претседателката на ДКСК Билјана Ивановска. Таа е незадоволна од досега преземените мерки, нема судска завршница на предметите поврзани со коруција.
– Имајќи во предвид дека се работи за предмет со високо материјално значење, се работи за износ од 1,8 милиони евра, за спроведена постапка за јавна набавка, а каде што договорен орган е Министерството за надворешни работи а економски оператор е донатор на политичка партија. Знаете дека по нашиот закон имаме посебна надлежност да следиме избори донатори и сметки на политичките партии. Тоа беа првичните наши проценки, дека постојат ризици во соодветниот предмет и отворивме предмет. Во меѓувреме пристигна документацијата од МНР, предметот е распределен кај член, следствено на тоа и кај советник. Ќе се изврши анализа на добиените документи, ако имаме потреба, а веројатно е дека ќе имаме потреба за нешто дополнително, тоа ќе го побараме, ќе го изанализираме, и нашите сознанија ќе ги споделиме со јавноста, впрочем како што тоа редовно го правиме – вели таа.