На регионалниот пат Тетово-Брвеница, денеска околу 12 часот, со наредба од Казнено-поправната установа „Идризово“, полициски службеници на СВР Тетово го привеле Џ.Д. (50) од Тетово, осуден на затворска казна за сторено кривично дело „убиство“.
Како што соопшти денеска МВР, Џ.Д. е спроведен во КПУ„Идризово“ на доиздржување на затворската казна, од каде претходно избегал.