Потрошувачите во пет земји од Централна Европа, вклучително и Словенија, од почетокот на пандемијата на Ковид-19 почесто користат безготовинско плаќање, покажува истражувањето на Центарот ЦЕПЕР.
Електронското плаќање е најпопуларно во Словенија, каде што мнозинството испитаници потврдија дека бараат од трговците да понудат барем еден облик на безготовинско плаќање, јави СТА.
Во Словенија, Словачка, Чешка, Унгарија и Полска, 50 проценти од испитаниците потврдиле дека избегнуваат да плаќаат во готово секогаш кога е можно, а Словенија е во водство во тој тренд – 20 од потрошувачите таму засекогаш би се откажале од готовина ако е можно. Шеесет проценти од испитаниците би се обиделе да избегнат плаќање во готово, а шест проценти изјавиле дека ќе се држат до стариот начин на плаќање, покажува истражувањето спроведено од Центарот за истражување на пазарот CEPER во Централна Европа.