Полскиот фудбалер Роберт Левандовски е спортист на годината во Европа во традиционалниот избор на европските новински агенции.
Напаѓачот на европскиот првак Баерн Минхен доби 180 бодови, четири повеќе од светскиот првак во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон, додека третопласиран е светскиот рекордер во скок со стап, шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис.
Најдобриот светски рекет, Србинот Новак Ѓоковиќ и шпанскиот тенисер Рафаел Надал се на четвртото и петтото место.
Изборот традиционално од 1958 година го организира полската новинска агенција ПАП, а во гласањето учествуваат 26 европски новински агенции.
- Роберт Левандовски (Полска/фудбал) 180 бодови
- Луис Хамилтон (Велика Британија/формула 1) 176
- Арманд Дуплантис (Шведска/атлетика) 169
- Новак Ѓоковиќ (Србија/тенис) 85
- Рафаел Надал (Шпанија/тенис) 72
- Примож Роглич (Словенија/велосипедизам) 64
- Тадек Погачар (Словенија/велосипедизам) 52
- Јанис Антетокунмпо (Грција/кошарка) 42
- Ига Свјатек (Полска/тенис) 32
- Тереза Јохауг (Норвешка/нордиско скијање) 28.