Меѓународната асоцијација на спортски новинари (AIPS) ја прогласи италија нската репрезентација за најдобар машки фудбалски тим во 2021 година.
Победникот на ЕУРО 2020 доби 767 гласови.
Второто место му припадна на Баерн Минхен со 503 гласа.
Топ тројката ја заокружи машката репрезентација на Аргентина. Победниците на Купот на Америка добија 459 гласови.
Во првите пет се и победникот во Лигата на шампионите, Челзи (370 гласа) и Ливерпул (257).
Најдобар нефудбалски тим е машката кошаркарска селекција на САД. Олимписките шампиони од Токио добија 228 гласови.
Најдобар женските фудбалски тим е Барселона со 216 гласа.
Во истражувањето учествувале 529 новинари од 114 земји.