Трајко Димков и Артан Груби се двајцата пратеници кои ќе учествуваат во работата на Комисијата за селекција и избор на работници од Управата за безбедност и контраразузнавање формирана од Владата.
Денеска Комисијата за надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање ги избра овие членови кои, како што рече, претседателот на Комисијата, Трајко Вељаноски, се предложени по претходна консултација со политичките партии.
Комисијата го усвои и Извештајот за работата на УБК и Агенцијата за разузнавање за 2018 година.
Директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски рече дека новата Агенција ќе биде транспарентна во однос на работата и отворена за медиумите. Директорот информираше дека се работи на избор на нови простории за Агенцијата и дека ќе функционира надвор од кругот на МВР.
Комисиите за избор на вработени во Агенцијата и за утврдување на нејзините акти имаат обврска да ја завршат работата до 20 август, а безбедносната агенција ќе почне со работа од 1-ви септември.