Девет партии ќе учествуваат на парламентарните избори во Австрија, закажани за 29 септември.
Кандидатурите беа поднесени до 17:00 часот вчера во регионалните изборни органи. Меѓу нив се петте партии со претставници во сегашниот парламент – Австриската народна партија (АНП), Австриската социјалдемократска партија (АСДП), Австриската партија на слободата (АПС), Партијата на зелените и НЕОС.
Освен нив, право на учество добија Партијата на пивото, Австриската комунистичка партија (АКП), „Листа Петрович“ и партијата „Промена“ (Wandel), која се натпреварува под името „НИКОЈ, односно Никој од нив“ (KEINE bzw. Keine von denen).
Овие девет партии ќе се појават на државното гласачко ливче. Има и три мали партии кои се натпреваруваат во поединечните сојузни држави.