Изборите на кои СДСМ треба да избираат нов претседател по дебаклот на партијата предводена од Димитар Ковачевски ќе се одржат на 30 јуни, потврдуваат од СДСМ за ТВ 24.

Отчетниот Конгрес на кој ќе треба да се анализираат најлошиот историски изборен резулата на СДСМ се планира на 16 јуни. Овие одлуки ќе треба формално да ги потврди и ЦО во четврток, по што ќе почнат да течат роковите за официјални кандидатури.

Според информациите на ТВ 24 во лидерската трка планира да влезе екс министерпт за здравство Венко Филипче, актуелниот потпретседател во оставка Стефан Богоев, како и директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски кој му беше противкандидат на Ковачвски на последните збори, кога Зоран Заев го поддржа за претседател.

Дека размислува за канддатура најави и министерката за одбрана во заминување Славјанка Петровска, а не се исклучува кандидатура и на генералниот секретар во оставка Миле Зечевиќ, како и на заменикот во администрација во заминување Александар Бајдевски.

Димитар Ковачевски во средата а поднесе оставката, откако од позиција на власт СДСМ ги изгуби изборите и освои само 18 пратеници во Собранието.