Либерално – демократската партија денеска ќе го одржи седмото изборно Собрание, на кое членовите на партијата ќе гласаат за претседател и за генерален секретар на партијата.
За функцијата претседател номинирани се тројца кандидати и тоа Горан Милевски, кој досега ја извршува оваа функција, неговата колешка од Парламентот Никица Корубин, член на Извршен одбор на ЛДП Мирко Спирковски, член на Централен одбор на партијата.
За функцијата генерален секретар на ЛДП кандидиран Боби Мојсоски, член на Централниот одбор на партијата.
На свечениот дел ќе се обратат претставници од Алијансата на либерали и демократи од Европа (АЛДЕ), од сестринските партии и од Либералната интернационала. Во овој дел свое обраќање ќе има и актуелниот претседател на ЛДП Горан Милевски.
На Собранието поканети се и претставници од сите политички партии во Република Македонија.