Жител на руската улјановска област кој изел дел од документи од казнена постапка што се води против него, осуден е на 4 години и 11 месеци затвор, соопшти Обвинителството.

Според нив, во пролетта 2018 година против жител на улјановскиот регион покрената е казнена постапка заради обид за организирање трговија со дрога.

На 8 август обвинетиот кој бил во притвор, на суд се обидел да удри сведок, а потоа искинал и изел дел од документација што се однесува за неговиот случај.

Судот го прогласил за виновен за вмешување во активности на истражител за да спречи сеопфатна и целосна истрага и осуден на четири години и 11 месеци затвор.