Пожарот што денеска избувна во автобусот на Јавното Сообраќајно Петпријатие (ЈСП) во Сопиште е целосно изгаснат и нема повредени, потврди за МИА командирот на скопската Противпожарна бригада, Звонко Томевски.
-Во 12.33 часот имаме добиено пријава за настанат пожар. Пожарот се случи во автобус во близина на Сопиште, кај кружниот тек, изјави Томевски.
Изгаснат пожарот во автобусот на ЈСП во Сопиште, интервенирано со две возила и осум пожарникари.
Тој информира дека при гаснење на пожарот е интервенирано со две возила и осум пожарникари и истиот целосно е изгаснат.
Од МВР информираат дека автобусот се запалил во движење кај кружниот тек во село Сопиште и дека на едно лице кое кое вдишало чад му била укажана лекарска помош на самото место, додека други повредени лица нема.