Партијата Самоопределување освои најмногу гласови на парламентарните избори во Косово, покажуваат излезните анкети, јави агенцијата ДПА.
Левичарската партија освои најголем дел од гласовите – 42 проценти, соопштија анкетарите од Институтот Пипос по затворањето на избирачките места во 19 часот.
Долгогодишната владејачка партија ПДК (Демократска партија на Косово), според излезните анкети, освоила 16,5 проценти од гласовите, а конзервативната ЛДК (Демократска лига на Косово) 15 проценти од гласовите.
Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) вечерва соопшти дека 46,73 проценти од гласачите, односно повеќе од 780 000 граѓани со право на глас, гласале на избирачките места во Косово до 19 часот, кога беа затворени избирачките места.
Право на глас имаат 1.794.862 граѓани, пренесува Коха.
Како што се наведува, до 19 часот гласале 58 проценти од гласачите во Приштина.