Лутфије ен-Неџар (77) од Газа, 30 години, произведувајќи глинени печки, заработува за своето семејство. Таа сака да има безбедна работилница каде што ќе може да продолжи со производството на печките, објавува турката агенција Анадолија.
Палестинката Неџар, својата тезга ја има поставено покрај патот во градот Хан Јунус во Појасот Газа, кој се наоѓа под израелска окупација. Поради лошата економска состојба во која се наоѓа, работи непрекинато веќе 30 години.
Истакнувајќи дека со работата започнува секој ден во раните утрински часови, Неџар нагласи: „Оваа земја е мојата татковина. Оваа земја е татковина на моите дедовци. Нема да ги напуштам овие граници. Оваа земја е татковина на моите деца. Нема да се откажам од мојата земја.“
Зборувајќи за aгенција Анадолија, Неџар рече дека од нејзините баба и мајка научила да прави глинени производи.
Истакнувајќи дека во производството на печката користи кал, цемент и слама, Неџар нагласи: „Работата е многу тешка, но тоа го правам уште од млади години. Иако веќе сум многу стара, не се чувствувам уморна.“
Неџар објасни дека при производството на печките, во горниот дел остава испакнување за да може да се пече храната, и дека на тој начин лебот се пече и во рерната и во горниот дел.
Бабата од Палестина исто така истакна дека лебот печен во глинена печка е поздрав и повкусен од оние што се печат на други начини.
Истакнувајќи дека има потешкотии бидејќи нема специјална работилница за изработка на печките, Неџар рече дека при нападите на Израел во 2014 година уништени биле голем број печки кои ги изработила.
Нагласи дека се плаши од тоа што Хан Јунус е граничен град и од тоа што таму се стационирани израелските војници: „Многу би сакала да имам моја безбедна работилница.“
Бабата Лутфије ен-Неџар рече дека месечно продава една или два печки. Цената на една печка со поголеми димензии изнесува 20,5 долари. Нејзината заработувачка од таа продажба изнесува само 6 долари.
Неџар, за причината поради која мора да ја работи таа физички напорна и нископриходна професија, истакна: „Тоа е моја и егзистенција на моето семејство. Со парите што ги заработувам, ги исполнувам нашите основни потреби.“
Исто така, бабата посочи дека израелската блокада што трае повеќе од една деценија, многу ја намалила куповната моќ во Газа.
„Живееме под тешки услови. Затоа секој треба да најде работа и да вложи напори. Не треба да се откажеш, или да питачиш. Можеби сум престара. Нема ниту можности. Но надежта никогаш не умира“, нагласи бабата Лутфије ен-Неџар.
Таа рече дека глинените печки што се користат при печење леб и готвење придонесуваат за економската моќ на граѓаните со тоа што се намалува потрошувачката на гас и електрична енергија.