Министерот за правда, Кренар Лога е дециден дека измените на Кривичниот законик не ги поготвувала работната група составена од академици, обвинители, судии, туку дека ги подготвувала неговата заменичка Викторија Аврамовска Мадиќ.
Според Лога одговорноста е на пратениците кои ги изгласале овие измени, а тврди дека заменичката ги потпишала додека тој бил во странство.
Спорните измени на Кривичниот законик со којшто се ослободуваат голем број на функционери и застаруваат голем број на предмети беа потпишани токму од Мадиќ, па за сите прашања околу ова, Лога ја префрла одговорноста кај неа.