Иако често ја гледаме во елегантна и гламурозна облека, првата дама на Америка, Меланија Трамп, покажа дека совршено ги комбинира секојдневни парчиња. Многу модни списанија посочија дека нејзиниот стил е совршен за есенски денови.
Кога пред неколку дена Меланија и Доналд Трамп се појавија во јавноста, медиумите му забележаа на претседателот на САД дека се однесува неџентламенски, оставајќи ја својата жена да кисне на дожд.
Но, многумина ја игнорираа оваа приказна и го фокусираа целото внимание на облеката на Меланија, која е совршена за есен.
Првата дама ја замени високата луксузна гардероба со малку опуштени парчиња, па за дождливиот ден избра сиви панталони, популарна јакна виетнамка со црна боја.
Наместо штикли, таа имаше прекрасни водоотпорни црни чизми на популарниот бренд Тимберленд и уште еднаш покажа дека, кога станува збор за моден стил, таа никогаш не греши.