Баерн загуби од Хофенхајм во дуелот од 7. коло од Германскиот фудбалски шампионат со 2:1. Двоен стрелец за гостите беше Саркис Адамјан, додека за Баерн реализира Роберт Левандовски.

Баерн и покрај поразот, остана на првото место со 14 бода и најдобра гол-разлика од групата н ачетири екипи со ист број бодови.

Хофенхајм се искачи на 11. место со осум бода.

Шанса да го симнат Баерн од врво на табелата имаат Шалке и Борусија Менхенгладбах кои допрва ќе ги играат своите дуели од оваа рунда.