Израелската министерка за транспорт Мири Регев изјави дека аеродромот Бен-Гурион ќе се отвори повторно в четврток за ограничени дојдовни летови со цел да се вратат дома граѓаните заглавени во странство.
Претходно денеска, Јордан соопшти дека ќе го отвори својот воздушен простор. Но, големите затворања и ограничувања на воздушниот простор остануваат на сила низ целиот Блиски Исток, со десетици илјади патници блокирани. (МИА)




