Израелската полиција соопшти дека 10 полицајци се ранети, од кои еден потешко, во експлозија на бомба во бегалскиот камп Нур Шамс, во близина на градот Тулкарем на Западниот Брег.
#BREAKING #Israel #Palestine Fighting in the West Bank is still ongoing. Israeli soldiers were ambushed at the Nur Shams camp in Tulkarm. According to preliminary data, 10 soldiers were injured, most of them in serious condition. pic.twitter.com/m0XT0wfPmG
— The National Independent (@NationalIndNews) October 19, 2023
Во соопштението, полицијата наведува дека граничните полицајци извршиле рација во кампот за да приведат Палестинци кои се на листата на трага, кога на нив бил отворен оган и биле фрлени бомби, објави „Тајмс оф Израел“.
Во заедничко соопштение, израелските одбранбени сили и полицијата соопштија дека силите дејствуваат во кампот од синоќа, при што уапсиле најмалку 10 Палестинци.