Израелскиот министер за надворешни работи Габи Ешкенази го коментираше одложениот Луков марш во главниот град на Бугарија и им честиташе на бугарските власти, а особено на премиерот Бојко Борисов за неговите напори што доведоа до укинување на настанот.
Бугарија со своите постапки и зборови уште еднаш ја докажа својата посветеност да се бори со сите сили против антисемитизмот, ксенофобијата и говорот на омраза, се вели во благодарноста на израелската Амбасадата во Бугарија до бугарските власти за напорите што уште еднаш доведоа до откажување на скандалозниот „Луков марш“ јави дописникот на МИА од Софија.
Израелската дипломатска мисија во Софија им се заблагодари на бугарскиот премиер Бојко Борисов, вицепремиерката и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, заменик-министерот за надворешни работи и координатор на националниот антисемитизам Георг Георгиев, генералниот обвинител Иван Гешев и градоначалничката на Софија, Јорданка Фандакова, на министерствата за надворешни работи и внатрешни работи, на Државната агенција за национална безбедност, за нивните напори, се вели во соопштението на мисијата.
– Укинувањето на Луков марш е израз на силните, постојани и доследни напори на Бугарија за борба против антисемитизам, ксенофобија, нетолеранција и говор на омраза. Синоќа повторно стана јасно дека борбата против овие феномени е навистина врвен приоритет за Бугарија. Акциите на бугарските власти несомнено ќе одекнуваат надвор од границите на земјата, се вели во соопштението на израелската Амбасада во Софија.
За прекинот на маршот, повеќе во овој текст на Денешен: