Израелската војска соопшти дека извеле воздушни напади во Газа, а цел биле екстремистите од Исламски џихад.
Во нападите погоден е камп за обука и подземен објект, кој служел за производство и складирање оружје, тврди израелската војска.
Министерството за здравство на Газа соопшти дека во воздушните напади е убиен 25-годишен Палестинец, но засега не е познато дали станува збор за екстремист.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно денеска изјави дека борбите со палестинските екстремисти од Исламски џихад, што избија откако Израел го уби нивниот командант за северниот дел од Појасот Газа, можат да бидат долготрајни.
-Израел не е заинтересиран за ескалација, но ќе сториме се што е потребно за да се заштитиме, рече Нетанјаху пред новинарите во воениот штаб.
Израел рано утринава го уби командантот на палестинската милитантна група Абу ел-Ата, во воздушен напад изведен во Појасот Газа, на што екстремистите одговорија со ракетирање на израелските градови, вклучувајќи го и Тел Авив.