Израелскиот министер за надворешни работи му порача на генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш дека му е забранет влез во земјата поради, како што смета тој, антиизраелската пристрасност на шефот на ОН.
Израел Кац кажа дека го прогласил Гутереш за непожелна личност во Израел.
„Секој кој не може недвосмислено да го осуди гнасниот напад на Иран на Израел, како што направи речиси секоја држава во светот, не заслужува да стапне на израелско тло“, порача тој на социјалната мрежа Икс.
Гутереш вчера го осуди „ширењето на конфликтот на Блискиот Исток, со ескалација по ескалација“ и повика на прекин на огнот во изјава во кој не го спомна конкретно Иран.