Операциите за хуманитарна помош на Обединетите нации во Газа денеска беа прекинати откако Израел доцна вчера издаде нова наредба за евакуација на градот Деир Ал Балах во централниот дел на Појасот Газа, изјави висок претставник на ОН.
„Не можеме да испорачаме помош денеска, со оглед на условите во кои се наоѓаме“, рече службеникот кој сакаше да остане анонимен.
„Не ја напуштаме (Газа) затоа што им требаме на луѓето таму. Се обидуваме да ги задоволиме потребите на населението, но и потребата за безбедност на персоналот на ОН“, рече тој.
Истиот извор вели дека на персоналот на ОН на терен им е наредено да се обиде да најде начин да продолжи со работа.