Израелското Министерство за здравство соопшти дека во земјата за девет дена повеќе луѓе се вакцинирани против коронавирусот, отколку што се заразени од почетокот на пандемијата.
Вакцинирани се речиси 500.000 лица, односно околу пет отсто од девет милионското население на Израел, наведува Министерството.
Вкупно досега во Израел се потврдени повеќе од 407.000 заразени случаи, а од Ковид-19 починале околу 3.200 пациенти.