Министерот за одбрана на израелската влада ѝ нареди на армијата да го спречи пристигнувањето на активистите – вклучувајќи ја и Грета Тунберг – кои се обидуваат да ја пробијат блокадата на Појасот Газа со бродот „Мадлин“.
„Им наредив на Израелските одбранбени сили да дејствуваат за да не стигне „Мадлин“ до Газа. На антисемитистката Грета и нејзините пријатели, јасно им велам: Мора да се вратите назад, бидејќи нема да стигнете до Газа “, рече Кац.
„Државата Израел нема да дозволи никому да ја прекрши поморската блокада на Газа, чија главна цел е да се спречи трансферот на оружје до Хамас, убиствена терористичка организација која држи заложници и извршува воени злосторства“, додаде тој.
Мисијата на „Мадлин“ беше организирана од организацијата „Флотила на слободата“, а меѓу 12-те активисти на неа, покрај Грета Тунберг, се и бразилскиот активист Тијаго Авила и Рима Хасан, француско-палестинска членка на Европскиот парламент.