Израелските одбранбени сили одржаа прес-конференција. Офицерот Даниел Хагари вели дека армијата е „подготвена на сите фронтови да го чува Израел безбеден“.
„Нашите сили ги прошируваат своите копнени операции. ИДФ оперира во сите димензии“, вели тој. Зборувајќи за болницата Ал Шифа, за која ИДФ тврди дека се користи како штаб на Хамас, тој рече: „Ја разоткривме подземната сфера“.
„Ќе продолжиме со нападите во и околу Газа“, додаде тој.
Портпаролот на израелската армија им порача на жителите на градот Газа да се преселат на југ. Тој вели дека војниците на ИДФ се во „висока готовност“ долж северната граница и дека силите „ги гаѓале терористичките ќелии“ преку неа.