Уништен е тунелот на палестинскиот Исламски џихад, кој се наоѓал во предградието Деир ал Балах во централниот дел на Појасот Газа, соопшти денеска израелската армија (ИДФ).
Тунелот бил долг околу 500 метри, додаде израелската армија.
Бил лоциран од Седмата оклопна бригада на 82-от баталјон, а подоцна бил уништен од елитната единица Јахалом, објави „Тајмс оф Израел“.
ИДФ додава дека Седмата бригада убила десетици вооружени мажи и уништила десетици места кои им припаѓаат на „терористичките групи во источниот дел на Деир ал Балах“.